Бадемите се вистинска ризница на хранливи материи, а пред се се многу вкусни! Но, пред да им се препуштите, оставете ги натопени во вода преку ноќ…
Постојат неколку причини зошто е добро да ги потопите бадемите во вода преку ноќ – од вкус до зголемена хранлива вредност. Натопените бадеми се многу повкусни од сувите, што ќе забележите ако ги пробате откако ќе останат во вода само 20 минути.
Главната причина лежи во фактот што оваа практика ја намалува количината на полифеноли и киселини во лушпата од бадемот, кои може да ја намалат апсорпцијата на некои хранливи материи. Особено чувствителните луѓе може да имаат дури и цревни проблеми поради внесување на големи количини полифеноли (кои, меѓу другото, ги има и во чајот). Оние на кои им пречи лушпата лесно ќе ја отстранат по потопување.
Од влажните бадеми, телото подобро ќе ги апсорбира сите хранливи материи, а тие ќе бидат посварливи од вообичаеното. Освен тоа, кога се натопени, бадемите почнуваат да ртат, што значително ја зголемува нивната количина на хранливи материи, пишува „Citymagazine“.
Како да ги подготвите бадемите?
Бадемите можете да ги чувате во вода 20 минути или неколку часа, но најдобро е 24 часа.
Во стаклена тегла со капак ставете приближно 250 грама бадеми и покријте ги со топла вода. По 12 часа сменете ја водата и оставете ги во теглата уште 12 часа. Теглата можете да ја чувате во фрижидер. Пожелно е и да додадете една до две лажички сол по промената на водата.