Ова лето може да биде разиграно доколку додадете малку повеќе боја на вашите нокти
Кога ќе дојде летото, сите ние гледаме да создадеме некоја светла комбинација на бои на нашите нокти. Она што е точно е дека често ни недостасува инспирација за тоа како точно треба да изгледа. Подолу ќе ви откриеме неколку идеи кои можат да ве инспирираат.
- Комбинација од портокалова боја
Кога ќе измешате иста боја во две различни нијанси, никогаш не може да изгледа лошо. Кога станува збор за летото, светло портокаловата е вистинскиот избор за вас.
- Како сладолед
Неправилните форми и пастелните бои се добитна комбинација за лето. Овој маникир ќе ве потсети на вашиот омилен десерт, а освен тоа ќе ја поттикне вашата фантазија (ако се осмелите сами да го рекреирате овој дизајн)
- Дискретни
Малите и незабележливи нокти никогаш нема да излезат од мода, никогаш не можете да погрешите со нив.
- Облик на бадем
Ова лето првото место го зазема формата на бадем. Можете да комбинирате разни бои, а можете да ставите и некоја силна монохроматска боја, бидејќи овие нокти секако сами привлекуваат погледи.
- Светки
Кога ќе дојде убавото летно време, сјајот е неизбежен момент во која било форма. Целиот овој тренд можете да го пренесете и на вашите нокти и да блескате 24 часа на ден.