Кога немате многу време да подготвите оброк, а сакате нешто вкусно, вашиот избор нека бидат похованите тиквички
Тиквичките се еден од најценетите видови зеленчук за подготовка на оброци. Бидејќи имаат многу благ вкус, лесно се комбинираат со други видови зеленчук, тестенини, преливи и месо, а термичката обработка не трае долго, бидејќи тиквичките се полни со вода.
Кога домаќинките ги прашуваат членовите на семејството што би сакале за ручек, во текот на летото изборот често се сведува на два рецепта – полнети односно поховани тиквички.
Наместо да стоите покрај ринглата и да чекате да се испржат тиквичките на врело масло, постои поедноставен начин да се подготви овој вкусен зеленчук – во рерна. Тиквичките ќе бидат подеднакво крцкави и вкусни, а за подготовка нема да ви треба ниту капка масло.
Состојки:
1 кг тиквици
3 јајца
4 лажици брашно
4 лажици презла
Сол
Бибер, кршена лута пиперка (по желба)
Подготовка:
Излупете ги и исечете ги на мали парчиња (или прстени, ако сте навикнати на тоа). Потоа исцедете ги од вишокот вода, па ставете ги во брашно, па во изматени јајца и на крај во презла во која сте додале малку бибер или искршена лута пиперка доколку сакате попикантни вкусови.
Обложете ја тавата со хартија за печење, па наредете ги тиквичките на хартија и печете ги во рерна загреана на 170 степени. Со решеткана лажица завртете ги еднаш до двапати за време на печењето за фино да се фати кора од сите страни.
Послужете со тартар сос и сезонска салата.
Пријатно јадење!