Идеја за брз ручек од три состојки: готов за 15 минути, со незаборавен вкус

popara10 јули, 20221min00
food-g84bd3b42f1920-830x0

Овој рецепт е идеален за оние денови кога баш не ви се готви

Тестенините со домати и лук потсетуваат на приморје, мирис на море и маслиново масло, брзо се подготвуваат и имаат уникатен вкус.

За да ги подготвите овие тестенини ќе ви треба многу малку време, па овој рецепт сигурно ќе стане дел од вашето редовно домашно мени.

Состојки:

– 2 конзерви домат

– 3 чешниња лук

– маслиново масло

– босилек, сол, бибер

-пармезан по желба

– кесичка тестенини што ви се допаѓаат

Подготовка:

На маслиново масло пропржете го ситно сечканиот лук, па додадете ги доматите. Најдобро е веднаш да купите конзервирани сецкани домати. Доколку не сте нашле, доматите кои се на парчиња исечкајте ги на ситни коцки.

Често мешајте го сосот, нема потреба да се готви долго. На крајот зачинете го сосот со босилек, бибер и сол.

Во меѓувреме во солена вода сварете ги тестенините по ваш избор. Готовите тестенини префрлете ги во тавата каде што сте го зготвиле сосот, а потоа варете ги тестенините и сосот заедно со постојано мешање.

На крајот послужете со пармезан. Ќе добиете примеси на Медитеранот ако со ручекот послужите маслинки и фета сирење.

Пријатно!

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma