Избегнете болки во грбот и рамениците: Трик со ПАЛЦИТЕ покажува дали држењето ви е правилно

popara11 септември, 20221min00
drzanje-tela

Искривените грбови и рамената свиткани нанапред ја претставуваат секојдневната положба на голем број луѓе, како на работа, така и за време на одмор.

Не треба премногу да зборуваме за болките што може да ги создаде погрешното држење на телото.

Според д-р Мендел од Флорида, кој секојдневно споделува совети со своите пациенти и следбеници на својот Фејсбук, едноставен тест со палецот може да ви каже дека грбот ви е искривен, што значи дека вашето држење не е правилно.

– Гледањето во мобилен телефон со свиткан врат предизвикува рамената се повеќе да се движат напред, како и многу дегенеративни промени во зглобовите, лигаментите, мускулите и нервите, потсетува тој.

„Искривеното држење на телото е болест на денешницата, но тој проблем можете да го намалите ако станете свесни како ги држите палците кога рацете ви се до телото“ – рече тој.

Според него, кога ќе ги ставите рацете до телото и ќе ги испружите палците, тие треба да одат право напред, па дури и нанадвор. Кај повеќето луѓе се случува спротивното и палците се насочени навнатре.

Оваа поза покажува дека рамената ви одат напред, а тоа може да има последици.