
Додека во текот на зимата посветуваме посебно внимание на негата на кожата на лицето, користејќи повеќе хидратантни креми, кожата на телото често се занемарува. Ова дополнително доведува до сушење, пукање, иритација и чешање, кои се предизвикани од зимските временски услови (студ, ветер). За да ја одржувате кожата на телото здрава и убава дури и во зима, посегнете по масло, а еве зошто.
Еластичност
Очигледно е дека маслата ја негуваат нашата кожа. Но, овие препарати помагаат и во третирање на иритации, стрии, целулит, како и ослабена еластичност на кожата. Маслата се полни со комплексни липиди кои ја подобруваат еластичноста на кожата, како и самата регенерација на клетките. Тие исто така ги намалуваат иритациите.
Циркулација
Со масажа на кожата се подобрува протокот на крв и затоа клетките на целото тело ги добиваат потребните хранливи материи. Маслата ни нудат совршен начин да го опуштиме нашето тело и ум и да го подобриме нашето здравје. Подобрата циркулација им помага на клетките да го исфрлаат отпадот, а исто така е совршен начин за детоксикација на кожата.
Хидратација
Маслата имаат тенденција да ја „заклучуваат“ водата во кожата и се ефикасни за хидратација. Маслото продира во секоја клетка на кожата, хранејќи ја длабоко. Совет е маслото да се користи веднаш по туширањето, на влажна кожа, за подобро да ја задржи водата. По нанесувањето, со крпа тапкајте ја кожата на телото за да се собере вишокот вода и масло.
Кожна бариера
Маслата се полни со есенцијални масни киселини кои ја негуваат кожата и создаваат заштитна бариера. Ја штитат кожата од загадувачи и слободни радикали.
Ги намалува лузните
Маслото за тело помага да се намалат лузните и стриите на кожата. Секојдневното масирање на телото исто така може да ви помогне да се ослободите од лузните по акни.