Постојат некои универзални работи кои се подеднакво одбивни за двата пола и кои мора да ги избегнувате по секоја цена.
- Приказни за поранешните
На многу начини, зборувањето за поранешно момче/девојка може да биде исклучително стресно за вашиот партнер. А ако се случи да го спомнете за време на сексот, не само што ќе предизвикате негативна реакција од другата страна, туку може да предизвикате и поголем проблем. Никој не сака да слуша за бившите за време на сексот, пишува „timesofindia.com“.
- Намерно одбивање
Ако немате желба за секс, сосема е нормално да кажете – не. Но, ако навистина го сакате истото како вашиот партнер, намерното одбивање нема да ве одведе никаде и може само да ја фрустрира другата страна. Започнете со предиграта и заборавете на лажното одбивање.
Извинете, но овие секс сцени постојат само на филм
- Барање од партнерот да го исклучи светлото за време на сексот
Додека многу луѓе сакаат да имаат секс во темница, постојаното барање од партнерот да го исклучи светлото може да биде контрапродуктивно. Особено ако имате навика тоа да го правите за време на секс. Оваа постапка може да доведе до несигурност кај вашиот партнер.
- Лоша хигиена
Хигиената е една од основните работи на кои мора да внимавате пред секој сексуален однос. Да се биде во долга врска не значи дека треба да ги занемарите основните правила за хигиена.
- Постојано муабетење
Комуникацијата е клучот за добар секс, но ако продолжите да зборувате за нешто што нема никаква врска со моменталната ситуација, лесно може да го исклучи вашиот партнер. Сккратете ја приказната.
- Мрзеливост
Има моменти за време на сексот кога само сакате да легнете и да уживате. Меѓутоа, ако очекувате вашиот партнер да ја „одработи“ целата работа, тоа во иднина може да предизвика проблеми со неговата рамнодушност. Со текот на времето, ова може да стане голем проблем. Затоа опуштете се, но не премногу!
- Секогаш исти пози и одбивање да експериментирате
Убавината на сексот е во тоа што секогаш може да биде поинаков. Многу луѓе стануваат „робови на рутината“ и постојано водат љубов на ист начин, па може да дојде до заситување. Има толку многу што сè уште не сте откриле. Не плашете се да експериментирате, особено ако вашиот партнер го сака тоа.