Имате наслаги на забите, а немате пари за нивно избелување кај стоматолог? Тогаш обидете се со оваа домашна паста која прави чуда!
Луѓето кои имаат пожолтени заби, претежно пушачите, избегнуваат да се смеат за да ги сокријат своите заби. Жолтите заби се чест проблем, па дури и луѓето кои не се пушачи можат да го имаат овој проблем, особено ако конзумираат премногу шеќер, или се љубители на кафе или црн чај.
Меѓутоа, белите заби не се недостижна цел. Уште повеќе, таа цел може да се постигне без користење на индустриски производи кои се полни со хемиски супстанци. Ако сте се соочиле со таков проблем, дефинитивно треба да го испробате овој начин на избелување на забите.
Тоа можете да го направите за само неколку минути. За да го направите вашето сопствено средство за избелување на забите, ќе ви бидат потребни само овие две состојки: кокосово масло и сода бикарбона.
Земете во еднаква количина масло и сода (на пример по 5 кафени лажички од двете), добро измешајте ги и ставете ги во мала стаклена тегла.
Се` што е потребно е да ја замените својата паста за заби која ја користите со оваа природно и навистина ефикасно средство. Ефектот е навистина забележлив веќе после првата употреба. Теглата можете да ја чувате во вашата бања или во фрижидерот.