Изгоре до темел станот на ѕвездата на серијата „La Casa de Papel“: Глумецот се спасил со скокање од прозорец

popara13 април, 20221min00
miguel-herran-migel-heran-830x0

Шпанскиот актер Мигел Еран, ѕвездата на серијата „La Casa de Papel“, избега од пожар што го зафати неговиот стан, скокајќи низ прозорецот.

Актерот на Инстаграм објави видео од пламенот кој го зафати неговиот стан, а за да се спаси мораше да скокне од прозорецот од спалната соба.

Сè друго, сепак, беше целосно уништено. Во неговата куќа во Авила, Шпанија во текот на ноќта избувнал пожар и му го уништил домот.

Шпанскиот актер, кој е најпознат по улогата на Рио во серијата на Нетфликс, плаче на видеото и извикува: „Не ми се верува“.

Иако пожарникарите брзо го изгаснале пожарот, Мигел открил дека голем дел од неговиот дом е уништен во пожарот, како и речиси сите негови лични работи.

– Пожарот ме зафати додека спиев и се разбудив од звукот на горењето на мојата куќа. Избегав низ прозорецот од мојата соба“, изјави Мигел за локалните медиуми.

Засега не е јасно што го предизвикало пожарот во станот на младиот актер. Погледнете го видеото подолу:

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma