Статистиката вели дека вирусите возрасните лица ги напаѓаат три пати годишно и боледувањето трае девет дена.
Сепак, настинката не мора да ве мачи со денови, доколку ги примените овие совети веднаш штом ги почувствувате првите симптоми, болка во грлото и телото, кивавица, грозница, затнат нос, омалаксаност… можете да си помогнете за само еден ден.
Повеќе течности
Со обична вода, сок или чаеви ублажете го гребењето во грлото. Освен чаеви, се препорачува и пилешка супа, бидејќи ги надокнадува минералите и електролитите.
Плакнење на грлото
Растворете една лажичка сол во чаша млака вода и исплакнете го грлото, односно правете гаргара, за да го исчистите од бактерии и вируси. Освен тоа ќе се ублажи и секретот кој ве тера да кашлате. Освен солта, можете да употребите и сода бикарбона.
Лесна гимнастика
Неколку лесни вежби ќе му помогнат на одбранбениот систем да се избори со настинката. Но, важно е организмот да не се умори, односно при физичката активност пулсот да не надмине 100 отчукувања во минута.
Хранлива вечера
Сонот е лековит тоа е познато, а намирниците кои ќе ги внесете пред спиење можат да го зголемат позитивниот ефект. Експертите препорачуваат месо кое не е масно, риба, грав, кафеав ориз, како и што повеќе свеж зеленчук, бидејќи е богат со антиоксиданти.
Врел туш пред спиење
Непосредно пред да заминете во кревет истуширајте се со врела вода. Тоа ќе ги опушти мускулите, ќе ја отстрани грозницата, а врелата пареа ќе ги ослободи дишните органи.