Илон Маск за прв пат јавно го коментираше судењето помеѓу Џони Деп и Амбер Херд

popara29 мај, 20221min00
ilon-mask-amber-herd-i-dzoni-dep-830x0

Со недели наназад во фокусот на светската јавност секако беа Џони Деп и неговата поранешна сопруга Амбер Херд поради судењето, а сега за прв пат јавно се огласи Илон Маск на оваа тема.

Јавноста со недели чекаше коментар од најбогатиот човек на светот, со оглед на тоа што тој беше повикан и како сведок во судот поради неговата претходна љубовна врска со Амбер.

И конечно Маск се огласи, а каде на друго место ако не на неговата омилена платформа – Твитер.

– Се надевам дека и двајцата ќе можат да продолжат понатаму. Во своите најдобри изданија и двајцата се неверојатни луѓе – напиша накратко.

Не се знае точно кога Маск ја започнал врската со Амбер, но Деп го обвини милијардерот дека имал тројка со Амбер и Кара Делевин во неговата куќа, додека Амбер се уште била во брак со актерот.

Маск стана тема и за време на судењето кога како сведок беше повикан поранешниот агент на Деп, Кристијан Карино. Кристијан, кој претходно беше свршен со Лејди Гага, беше прашан дали Маск и Херд биле во врска во 2016 година.

„Не знам дали излегуваа, но дефинитивно поминаа некое време заедно“, рече тој.

Херд и Маск се запознаа на снимањето на филмот на Роберт Родригез во 2013 година. Но, парот тогаш тврдеше дека биле само пријатели додека и двајцата не се разведоа во 2016 и 2017 година. Во август 2017 година, повторно се појавија гласини дека наводната едногодишна романса на парот е завршена.

Маск ги потврди шпекулациите набргу потоа, велејќи им на фановите дека раскинувањето било пријателски.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag