„Имав само девет години кога ми го направи тоа“ – Кристина Ричи отворено зборуваше за нејзиниот однос со Џони Деп

popara8 август, 20221min00
648174_ap09-ap-steve-helber_f

Познатата актерка, Кристина Ричи, неодамна гостуваше во емисијата SiriusXM каде на водителот Енди Коен му раскажа интересна анегдота.

– „На снимањето на филмот „Сирени“ се случи одредена работа кога одредена личност не беше многу љубезна. Некој рече: „Можеби е хомофоб“, на што јас реков дека не знам што е тоа“ – се присети 42-годишната актерка, која тогаш имала само девет години.

Имено, Ричи во 1990 година го снимала филмот „Сирени“ со актерката Винона Рајдер, која во тоа време почнала да излегува со Џони Деп.

– „Бев во приколката на Винона, кога таа ми се јави на телефон да разговарам со Џони. А тој потоа ми објасни“ – се присети таа.

Деп и Рајдер беа еден од најпознатите холивудски парови во тоа време, а раскинаа во 1993 година.

Ричи раскажа како актерот ѝ објаснил што е хомосексуалност, на наједноставен начин.

– „Џони тогаш ми рече: “Тоа е кога маж сака да има секс со маж. И кога жената сака да има секс со жена”, а јас само искоментирав: “Во ред” – се присети актерката.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma