ИМАТЕ ВЛАГА ВО ДОМОТ?! Потребна ви е само една намирница и ѕидовите ќе ви бидат чисти и суви

popara27 октомври, 20221min00
700226_pojavila-vam-se-vlaga-678x381_f

Сигурно веќе сте се обиделе да го решите проблемот со влагата и мувлата на ѕидовите, но безуспешно, овој трик ќе ви помогне да ја дочекате зимата во здрав и чист дом.

Во зима, поради големата разлика помеѓу надворешната температура на ѕидовитеи внатрешната температура на загреаната просторија, се јавува кондензација и влага, што придонесува за развој на мувла.

А сигурно веќе сте слушнале дека не се работи само за естетика, туку и за проблем кој може сериозно да влијае на здравјето на луѓето, децата и домашните миленици кои престојуваат во собата. Мувлата и влагата предизвикуваат респираторни проблеми, алергии и астма.

Сигурно веќе сте се обиделе да го решите проблемот со појавата на влага и мувла на ѕидовите, но безуспешно.

Тајната за отстранување на влагата се крие во оризот! Оризот има „магична“ способност да ја апсорбира влагата. Она што треба да го направите е да наполните сад со ориз и да го ставите на места со влага.

Можеби малку ќе ви пречи естетски, но имаме решение и за тој проблем. Оризот во сад може да стане дел од декорацијата на вашиот стан! Погрижете се садот што ќе го наполните со ориз да одговара на стилот и внатрешноста на домот. Изберете сад во убави бои и искористете го овој трик во ваша корист. Направете убаво украсно катче со додатоци и ориз!