Вратете го стариот сјај на паркетот со помош на овој супер трик кој не чини многу
Многу често сме во дилема како да го исчистиме паркетот без да го уништиме со хемикалии. За да избегнете користење на штетни производи, пробајте го овој природен рецепт.
Состојки и подготовка:
Измешајте 1 чаша оцет со 10 капки есенцијално масло и исчистете го паркетот. Собата ќе мириса на свежо и чисто, а оваа комбинација ќе го дезинфицира подот.
За полирање на паркетот, измешајте ½ чаша сок од лимон, ¾ чаша маслиново масло и 3 литри топла вода. Резултатот ќе ве воодушеви!
За многу темни дрвени подови, измешајте ¼ чаша изладен црн чај со 1/8 чаша оцет и 1 лажица течност за миење садови.