Имате проблем со „НАЕЛЕКТРИЗИРАНА“ коса? Овие три совети ќе ви помогнат да ја избегнете

popara29 ноември, 20221min00
41154_shutterstock-2104911269_f

Штом температурата на воздухот падне и воздухот се исуши, електроните „бегаат“ од вашата коса, а остануваат само позитивно наелектризираните честички кои се одбиваат една со друга, правејќи наелектризирана коса.

Вистинското прашање е – како да спречиме тоа да се случи?

1. Лак за коса

Во многу аптеки има мини пакувања со лак за коса кои секогаш можете да ги носите со себе, дури и во мали торби. Ја смирува струјата на краевите, но внимателно. Не претерувајте со нанесувањето за да не ви стане мрсна и натежна косата.

2. Без пластичен чешел

Пластичните додатоци за чешлање всушност ја поттикнуваат косата да се наелектризира, бидејќи пластиката не е проводник. Наместо тоа, одлучете се за метален или дрвен чешел. Покрај тоа, овие материјали се подобри за нашата планета, па дефинитивно се подобар избор.

3. Навики на миење на косата

Друг начин да го намалите електрицитетот во вашата коса е да набавите фен за коса со јони или природно да ја исушите косата со помош на крпа од микрофибер. Овој уред за стилизирање е многу корисен, бидејќи не само што ја суши косата побрзо и со помало оштетување, туку негативните јони од фенот ги неутрализираат позитивните јони во косата, со што се намалува количината на струја.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag