Имаше ОСУМ години кога глумеше во култниот филм: Еве како денес изгледа познатата Пипи Долгиот Чорап (ФОТО)

popara12 јуни, 20221min00
pipi-duga-carapa

Никогаш не добила хонорар за познатиот филм

Ингер Нилсон, актерка од Шведска, прва го оживеа познатото девојче Пипи Долгиот Чорап. Оваа улога ја прослави, но поради тогашните закони таа никогаш не добила хонорар за неа.

Во далечната 1970 година е снимен серијал и филм според истоимената книга на шведската писателка за деца Астрид Линдгрен.

Иако одамна ја гледавме на малите екрани во приказната која ги меша реалноста и имагинацијата, веруваме дека насмевката на препознатливата актерка веднаш би ве асоцирала на необичното пегаво девојче, најпознатиот измислен лик.

Кетрин Ингер Моника Нилсон, има 63 години и сè уште живее во Стокхолм и работи како секретарка, а повремено се појавува и во театарски претстави. Во 1975 година, таа ја освои наградата ТП де Оро за „Најпопуларен лик“ за нејзината улога на Пипи Долгиот Чорап, со која многумина пораснаа.

Нилсон подоцна се појави во неколку филмови и серии. Таа во 2000 година го сними „Gripsholm“ во режија на Хавиер Колер, а седум години подоцна глумеше во германската ТВ серија „Der Kommissar und das Meer“.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma