Сѐ уште има шанси Ноле да игра на Australian Open
Австралискиот експерт за имиграција Абул Ризви детално објасни што треба да направат адвокатите на Новак Ѓоковиќ.
Ѓоковиќ е фатен во Австралија и е главна тема на светските медиуми, а конечната одлука ќе биде донесена во понеделник.
Ризви ги критикува австралиските власти и забележува дека земјата обезбедува три нивоа на заштита кога станува збор за визниот систем.
– На господинот Ѓоковиќ му беше дадена виза со претпоставка дека се исполнети сите законски услови – рече Ризви и додаде:
– Второто ниво е кога човек се качува во авион за да дојде во Австралија. Има граничари кои можат да спречат човек да се качи во авион ако има проблем со визата. Тоа беше пред 24-48 часа. Сепак, не е преземено ништо за да се спречи качувањето на Ѓоковиќ.
Ризви рече дека целата акција била заснована на трето ниво, на австралискиот аеродром.
Тој додаде дека случајот на Новак ќе создаде хаос на аеродромите.
– Системот што моментално владее … Доколку случајот со господинот Ѓоковиќ стане шаблон, нашите аеродроми нема да можат да се справат со тоа.
Тој вели дека во овој случај има три клучни прашања кои адвокатите на Новак можат да ги искористат и да го спасат од депортација.
– Да сум адвокат на Новак, би поставил три прашања. Прво: Ако мојот клиент не ги исполнuva законските услови, зошто му дадовте виза? Второ: Ако бевте загрижени за визата на мојот клиент, зошто не ја откажавте пред да влезе во авионот. Трето: Со оглед на тоа што му дадовте виза, а оттогаш не се сменија никакви околности, по кој основ можете да ја откажете визата? – јасен е Ризви.
Ова секако влева оптимизам и надеж дека Новак ќе го гледаме на Australian Open, кој започнува на 17 јануари.