Им прилегаат на жени од сите возрасти: Три фризури идеални за работа или излегување, одат со опуштен или елегантен стил

popara21 мај, 20221min00
335375_plavusa-sreca-shutterstock-556441474_ff

Плетенките се тренд кој со години не излегува од мода. Со задоволство ги носат жени од сите возрасти, лесно се прават и можат да се комбинираат во дневни и вечерни комбинации.

Во зависност од должината на косата, плетенките можат да бидат со најразлични форми и должини, а големата предност е што можете да ги носите во опуштени варијанти кога одите на работа, но и кога дополнително уредно одите во ноќен клуб.

Она што секогаш треба да го имате на ум е дека еден дел од косата може да се сплете, додека остатокот да остане опуштен. Делот што не е во плетенката може да биде рамен, но и природно брановиден или виткан со преса или пегла за коса.

Плетенка на едната половина од косата

Доколку се одлучите за оваа фризура, бидете сигурни дека сите ќе ве забележат. Важно е да ги соберете влакната над увото и плетенката да го следи природниот раст на косата. Остатокот од косата слободно нека паѓа.

Неколку плетенки на истата страна од косата

Оваа комбинација е одличен избор за жените кои имаат густа и бујна коса. Покрај тоа што ќе ви ги олесни топлите летни денови, оваа фризура е одлична и доколку сакате да го истакнете накитот што сте решиле да го носите тој ден.

Имајте на ум дека дури и откако ќе ги расплеткате по неколку дена, ќе имате сјајни бранови во косата кои ќе изгледаат убаво во следните неколку дена.

Половина плетенки од двете страни на главата

Ова е фризура што можете да ја направите ако сакате да не ја миете косата долго време. Најчесто корените ни се мрсни, бидејќи често поминуваме со рацете низ косата. Со оваа фризура можете да ја надминете оваа лоша навика.

Ќе бидете елегантни, средени и неколку дена нема да морате да размислувате за коса, миење, фенирање.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma