Им успева на сите: БРЗ КОЛАЧ ОД САМО 3 СОСТОЈКИ!

popara4 декември, 20221min00
350243_kolacshutterstock-1738831742-2_ff

Знаеме дека треба да избегнуваме благо, но овој период од годината не можеме да одолееме да не се почестиме одвреме-навреме.

Затоа, ви го пренесуваме рецептот за наједноставната можна торта која ќе биде готова за само неколку минути.

Состојки:

225 грама путер
100 грама шеќер
260 грама брашно

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 160 степени.

Путерот и шеќерот се матат со миксер додека не станат лесни и воздушести.

Потоа постепено додавајте го брашното и мешајте додека не се соединат сите состојки.

Потоа истурете во сад за печење и печете 30 до 35 минути.

Откако колачот е готов се сече додека е уште топол, а откако ќе се излади посипете го со шеќер во прав.