Зошто редовно треба да консумираме костени?
Особено во постудените денови, костените се честа ужинка на менито, а малкумина знаат колку се навистина здрави.
Во 100 грама костени има 131 калорија, а од витамините најзастапени се витаминот Ц (26,7 мг), потоа витамините Е, А и Б комплексот.
Од минерали, костените содржат најмногу калциум, магнезиум, цинк, железо, бакар и манган. Костенот има и одличен процент на омега 3 и омега 6 масни киселини и сите есенцијални амино киселини.
Ова овошје со богат вкус е богато со протеини, влакна и масти, а е многу популарно бидејќи брзо обезбедува чувство на ситост.
Позитивно делува и на кардиоваскуларното и дигестивното здравје, а поради своите својства се користи во исхраната на дијабетичарите, како и кај лицата со висок крвен притисок и анемија. Може да го јадат и оние кои се чувствителни на глутен. Костените ги зајакнуваат коските и забите и ги стимулираат функциите на нервниот систем.
Во солените јадења, костените можат да го заменат месото, додека во слатките тоа е тајна состојка која дава посебен и интензивен вкус и одлично се комбинира со чоколадото.