Испливаа детали од ВЕНЧАВКАТА на синот на Дејвид и Викторија Бекам: Свекрвата е задолжена за модата, а ОВА е забрането!

popara5 април, 20221min00
3d2080375cf6de7bb3b0c4b26099081b442c47c7

Најстариот син на Дејвид Бекам и Викторија Бекам, Бруклин Бекам, ќе се ожени со својата свршеница Никол Пелц на 9 април оваа година, а сега на површина излегоа некои детали од оваа раскошна венчавка.

Кум на младоженецот на венчавката требало да биде музичарот Елтон Џон, но наводно поради неговата музичка турнеја нема да може да присуствува на настанот. Сепак, ќе дојде идолот на Бруклин, Гордон Ремзи, сите членови на поранешната група Spice Girls, актерката Ева Лонгорија, синот на Мадона, Роко Ричи и многу други. – наведува Мирор.

Младоженецот ги зел своите браќа Круз и Ромео за кумови, а Никол својот брат и поранешен хокеар Бред. Деверица ќе биде нејзината баба, а познато е дека невестата ќе ја носи венчаницата на италијанската модна куќа Валентино. По официјалната церемонија таа ќе се пресоблече во друг фустан кој наводно ќе го креира нејзината свекрва – Викторија.

Додека Викторија е задолжена за создавање на комбинациите, помладата сестра на Бруклин, Харпер и тато Дејвид имаат важни улоги на свадбата. Харпер ќе биде деверуша, а Дејвид ќе биде задолжен за говорот. Свадбата ќе биде на раскошниот имот на таткото на Никол во Флорида, во согласност со еврејската традиција.

– Имотот на таткото на Никол е совршен за свадбена церемонија. Заедно со луксузната вила со 27 спални соби, има базен, пространи градини и живописен поглед на морето. На сите гости ќе им биде забрането користење на мобилни телефони, како и приклучување на социјалните мрежи, а првите фотографии од невестата и младоженецот ќе бидат дадени на Vogue.

Да потсетиме, Бруклин и Никол почнаа да се забавуваат во 2019 година, а само една година подоцна, во јули 2020 година, ја објавија свршувачката и оттогаш интересот на јавноста за нивната венчавка не престанува.

– Пред две недели ја прашав сродната душа дали сака да се омажи за мене и таа се согласи. Јас сум најсреќниот човек на светот. Ветувам дека ќе бидам најдобар сопруг и еден ден најдобар татко – објави тогаш Бруклин.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma