Испливаа фотки на кои Бен Афлек лее солзи, а Џеј Ло го теши – Фановите сметаат дека Бен станал премногу емотивен

popara27 јули, 20221min00
profimedia-0647774079-830x0

Пејачката Џенифер Лопез го прослави својот 53-ти роденден на 24 јули, на романтично патување, односно на меден месец, со својот сопруг Бен Афлек.

Бидејќи парот штотуку се венча[e, папараците будно гo следат, а за прекрасниот ден на пејачката ги уловија во еден еминентен француски ресторан.

Меѓутоа, она што најмногу привлече внимание таа вечер беа солзите и зацрвенетото лице на Афлек.

Многумина се на мислење дека Бен едноставно бил емотивен и раздразлив и поради роденденот на Џеј Ло и поради неодамнешната венчавка, а додека тој плачел, таа цело време го гушкала и тешела. Ѕвездата слатко го зграпчила лицето на Афлек до нејзините гради во обид да го утеши.

Откако Лопез ги дувна свеќичките, тие се вратија во хотелот каде што престојуваат за време на медениот месец во „градот на љубовта“.