Многумина се пожалија што Ким Кардашијан воопшто го носеше фустанот на Мерилин на Мет Галата.
Се чини дека култниот фустан на Мерилин што го носеше додека ја пееше „Среќен роденден, господине претседателе“, кој беше направен по мерка за актерката во 1962 година, беше оштетен откако Ким Кардашијан го носеше на Мет Гала оваа година. На новите фотографии од фустанот објавени од колекционерот Скот Фортнер, фустанот, кој моментално е изложен во музејот Ripley’s, има оштетувања покрај патентот.
Се тврди дека дури недостасуваат некои кристали и светки, од кои некои се оставени да висат на една нишка.
Штетата можете да ја видите на сликите подолу:
These photos of the damage done to Marilyn Monroe’s dress before and after it was worn by Kim Kardashian at the Met Gala… I need to go lay down pic.twitter.com/63QwC8l10J
— Sarah McGonagall (@gothspiderbitch) June 13, 2022
the back of marilyn’s jfk dress now… it feels illegal pic.twitter.com/wZHn8IIFRX
— бен (@poshdelrey) June 13, 2022
Споредено со сликите од фустанот прикажани во 2016 година, разликите се повеќе од очигледни. Рипли тврди дека „големо внимание е посветено на зачувување на овој дел од историјата на поп културата“, но изгледа дека новите фотографии сугерираат поинаку.
„Дали вредеше?“, го прашува Фортнер музејот во објава на Инстаграм.
„Ова е толку тажно“, напиша еден од коментарите под објавата. „Како Пикасо да е уништен.“
Ким првично не можеше да влезе во фустанот, што доведе до тоа да не добие дозвола од Рипли да го носи. Но, ријалити ѕвездата гордо призна дека ослабела 16 килограми за да може да го облече култниот фустан на црвениот тепих, што предизвика револт кај јавноста и експертите. И сите видовме дека не ѝ беше лесно да го навлече на неа, ниту пак патентот успеа да го прицврсти до крај – поради што носеше бело крзно преку него.
Контроверзии ја опкружуваат одлуката на Ким да го носи фустанот од вечерта на посакуваниот настан. Дизајнерот кој ги направи оригиналните скици за фустанот, Боб Меки, верува дека Ким никогаш не требало да го облече фустанот. „Тоа беше дизајнирано за [Мерилин Монро]. Никој друг не треба да се види во тој фустан“, изјави тој за Entertainment Weekly уште во мај.
Во истото веруваат и многу модни конзерватори на модни парчиња, кои велат дека ткаенината на фустанот, стар над 60 години, била премногу кревка за Ким да ја носи, пишува DietPrada.
„Фрустрирана сум затоа што го уназади она што се смета за професионален третман на историските костими“, изјави поранешната шефица на одделот за конзервација од Институтот за костими МЕТ, Сара Скатуро. „Во осумдесеттите се собраа еден куп костимографи за да донесат одлука дека не треба да се носат историски костими. Затоа, се грижам дека колегите со колекциите на историски костими сега ќе бидат под притисок од важни луѓе да им дозволат да носат облека“.