Познатата холивудска актерка Џенифер Лопез наскоро ќе го прослави својот 53 роденден, но и покрај тоа што одамна влезе во шестата деценија од животот, оваа филмска ѕвезда може да се пофали со завидна фигура каква што нејзините врсници обично ја немаат. Сепак, годините се читаат на нејзиното лице, особено со исклучок на фотошоп кој ги брише сите несовршености на нејзиното лице.
Имено, странските портали и сметки на социјалните мрежи објавија фотографија од познатата актерка која е сликана на улиците на Америка и на која славната актерка не личи на себе, барем не на актерката која ја гледаме на насловните страници на магазините.
Погледнете ги фотографиите и проценете дали Џенифер Лопез претерува во обидот да остане вечно млада и без никакви брчки на фотографиите …