ИСПЛИВА ШОКАНТЕН Е-МАИЛ КОЈ АНЏЕЛИНА МУ ГО НАПИШАЛА НА БРЕД! Никој не очекуваше ваков расплет на настаните

popara15 октомври, 20221min00
Screenshot_6

„Секогаш ќе се сеќавам што беше пред десет години. Но, тоа е и местото што го означува почетокот на крајот за нашето семејство“

 

 

 

Правните проблеми меѓу поранешната омилена холивудска двојка, сè уште траат, а сега во центарот на вниманието e мејлот што 47-годишната актерка му го напиша на поранешниот сопруг во јануари 2021 година.

 

Имено, мејлот започнува така што Анџелина тврди дека решила „да го стави ова во писмена форма за да не биде премногу емотивна“, пред детално да ја објасни својата одлука да ја продаде винарската визба „Шато Миравал“, која исто така е во сопственост на Бред Пит.

 

– Тоа е местото каде што ги донесовме близнаците дома и каде се венчавме во спомен на мајка ми. Место кое ветуваше и каде мислев дека ќе остарам. Дури и сега е невозможно да се напише ова без да плачам. Секогаш ќе се сеќавам што беше пред десет години. Но, тоа е и местото што го означува почетокот на крајот за нашето семејство – и нашиот бизнис фокусиран на алкохол. Се надевав дека некако ќе остане нешто што ќе не држи заедно и дека ќе најдеме светлина и мир. Сега гледам како навистина сакаше да заминам и најверојатно ќе ти биде мило да го добиеш овој мејл, напиша Анџелина.

 

Анџелина продолжила дека во текот на изминатите четири години видела „многу непромислено однесување, пари потрошени на начини кои не би ги одобрила и одлуки за кои не била консултирана“, велејќи дека е „повредена од донесените одлуки, незаинтересираност за споделување на работата или недостаток на промена во нешто што би било поздраво за децата.“

– Бев шокирана од неодамнешните слики наменети за продажба на алкохол. Сметам дека тоа е неодговорно и не е нешто што би сакала децата да го видат. Ме потсети на едно болно време, продолжи таа, пишувајќи дека не чувствувала дека „би можела да биде вклучена, јавно или приватно, во бизнис заснован на алкохол, кога алкохолизмот толку длабоко го оштетил нивното семејство“.

 

Таа потоа рече дека не е во можност да учествува во наведениот бизнис „од морални причини и за благосостојбата на нашето семејство“ и дека сака да го поддржи Бред во обидот да ја продаде компанијата и „да продолжи од ова тешко и болно поглавје во нивните животи.

 

Таа го спомна и инцидентот во авионот во 2016 година во кој претходно тврдеше дека Пит „го нападнал сопственото дете“ и „го задавил едното дете, а другото го удрил по лицето“. Таа исто така навела дека Пит „истурил пиво и црвено вино“ врз децата. Истиот месец кога се случил наводниот инцидент, Џоли поднесе барање за развод.

 

– Не можам да изразам колку е вознемирувачки за мене што морам да стигнам до оваа точка. Ти посакувам се најдобро со оваа работа и искрено се надевам дека децата ќе го доживеат поинаку Миравал кога ќе пораснат и ќе те посетат, но Миравал умре за мене во септември 2016 година. Сè што видов години подоцна, за жал го потврди тоа – пишува Џоли.

 

Да потсетиме дека на почетокот на годинава Анџелина Џоли му ја продаде винарницата Шато Миравал на рускиот олигарх Јури Шефлер, за што Пит ја тужеше. Пит призна дека неговата поранешна сопруга поднела 40 отсто од куповната цена од 28,4 милиони долари, но тврди дека само тој е одговорен за успехот на винаријата. Пит, исто така, тврди дека според условите на нивниот развод во 2019 година, тој и Џоли имале договор и меѓусебно разбирање дека ниту еден не може да го продаде својот дел од винаријата без согласност на другиот.

 

Минатиот месец, поранешната компанија на Анџелина, Нувел, поднесе тужба од 250 милиони долари против Пит, тврдејќи дека актерот води „одмаздничка војна“ во обид да ја одземе контролата врз винарницата. Според судскиот документ, компанијата тврдела дека Пит „смислил успешен план да ја преземе контролата над Шато Миравал“.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma