Доколку ви е здодевно да имате секс на истото место, одберете едно од овие четири места или пуштете ја вашата фантазија, па инспирирани од нашите предлози смислете нешто ново.
Многу љубовници уживаат во сексот секој ден, па почнуваат да размислуваат за нови места за водење љубов. Со текот на времето, удобноста на креветот станува досадна опција, па алтернативите се добредојдени. Искористете ја вашата имагинација и смислете нови места, а еве четири предлози што можете да ги искористите:
- Машина за перење алишта
Ако не сте го пробале ова место за секс, подгответе се за дополнителен вид на вибрации додека водите љубов. Кога ќе се вклучи центрифугата, препуштете се на ситуацијата и уживајте, пренесува „espreso.co.rs“.
- Покрив на зграда
Ако ви треба авантура во животот, тогаш одберете ја највисоката зграда во соседството, за да не ве видат другите соседи од најгорните катови, и препуштете се на облаците и уживајте на покривот.
- Кабина за пресоблекување во бутик
Кога ќе најдете бутик со доволно голема кабина, можете да ја искористите за да водите љубов со вашиот партнер внатре. Внимавајте да не бидете бучни, бидејќи другите клиенти може да ве слушнат. Исто така, огледалата ќе ви пружат посебно задоволство додека водите љубов.
- Канцеларија на работа
Доколку работите во сопствена канцеларија, тогаш време е да се опуштите, бидејќи имате можност да фрлите се од работната маса како на филмовите и да се препуштите на задоволството, бидејќи на сите им е потребна релаксација од работа.