Војвотката од Сасекс, Меган Маркл, го поддржа својот сопруг принцот Хари на турнирот во поло во Калифорнија
Настанот беше отворен за јавноста и привлече познати личности, меѓу кои и актерката Ребел Вилсон и Абигејл Спенсер. Меган како и секогаш беше елегантно облечена.
Таа се појави во бело здолниште, црна кошула со бели точки и голема црна капа. Им додели награди на победниците, а принцот Хари беше член на победничкиот тим.Откако им честиташе на остатокот од тимот, таа му ја предаде повелбата на својот сопруг и страсно го бакна. Се обиде да покрие сè со раката.
Тој момент ги потсети големите заљубеници на приказната за кралското семејство од 1985 година, кога принцезата Дијана му ја врачи главната награда на својот сопруг Чарлс, која не го криеше бакнежот.
Princess Diana and Prince Charles shared a romantic kiss at the polo – just like Harry and Meghanhttps://t.co/1f5ocUVRiF pic.twitter.com/EdYg0GkGn6
— Mirror Royal (@MirrorRoyal) July 27, 2018
Посебно е интересно што принцезата Дијана во таа прилика облекла бела кошула со црни точки, а Меган Маркл сега облекла црна со бели точки.