ИСТРАЖУВАЊАТА ПОТВРДИЈА: Конзумирањето чоколадо го намалува ризикот од прерана смрт!

popara15 мај, 20221min00
522902_x30920_f

Јадењето чоколадо го намалува ризикот од умирање млад за 12 отсто, се вели во студијата.

Истражувањата покажаа дека ризикот од смртоносни срцеви заболувања или рак, кај оние кои редовно консумираат чоколадо, се намалува на 16 отсто.

Љубителите на оваа храна, кои јадат околу два „реда“ чоколадо неделно, имале четири пати помали шанси да заболат од дијабетес од оние кои не јадат ништо, но мора да се напомене дека темното чоколадо има повеќе здравствени придобивки отколку млечното заради повисоката количина на какао.

Експертите велат дека чоколадото може да го намали лошиот холестерол и крвниот притисок, а потрошувачите имаат тенденција да бидат послаби и поактивни.

Научниците велат дека соединенијата во какаото, познати како флавоноиди, го подобруваат здравјето на крвните садови.

Британската фондација за срце соопшти дека студијата не била доволно убедлива да препорача да се јаде чоколадо за да се намали ризикот од срцеви заболувања.

Соопштението гласеше:

– Добро е одвреме-навреме да се почестувате, но ниту една храна или хранлива состојка не е поважна од општо балансирана здрава исхрана.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma