Лесен начин за темелно чистење на шпоретот
Истуривте кафе или масло на ринглата, а не го исчистивте веднаш?
Не треба веднаш да се фатите за глава.
Доволно е да направите домашна паста за чистење која ќе ги отстрани и најтврдокорните дамки додека да трепнете.
Состојки:
една кесичка прашок за пециво
сок од половина лимон
Се што треба да направите е да ги измешате овие состојки и ќе добиете паста, која ја нанесувате на валканата рингла. Добро истријте со помека четка.
Ако има повеќе тврдоглави дамки, можете да ги истриете со жица за садови, внимавајќи да не ги изгребете ринглата и шпоретот околу неа. Сунѓерот намокрете го со што е можно потопла вода, а потоа со него истријте ги површините на ринглата.
На крајот, соберете ја вишокот течност и избришете ја ринглата со сува крпа.
Дополнителен трик за вашата рингла конечно да блесне како нова е да нанесете малку масло на ладната плоча која рамномерно ќе ја истриете со парче стуткана алуминиумска фолија.
Со овој начин на чистење и полирање, ринглата ќе свети, дури и на многу стар електричен шпорет.