Залепената плоча на пеглата за алишта не значи дека повеќе не може да се користи
Доволно е само да поминете со врела пегла преку апликациите на облеката, преку етикета или копче и плочата на вашата пегла за алишта да остане залепена. Вака залепена или извалкана пегла може дополнително трајно да го оштети вашето омилено парче облека.
Ви носиме практичен и едноставен метод за чистење на пеглата, кој ќе ви го олесни животот и ќе заштеди многу пари.
За само неколку минути, можете да ја отстраните целата нечистотија со помош на сол, која ја отстранува заглавената ткаенина, а оцетот бигорот.
Ставете стара памучна крпа на даската за пеглање и посолете ја. Вклучете ја пеглата на максимална температура, без пареа. Кога ќе се загрее, поминете преку крпата со сол. За неколку минути ќе бидете воодушевени од резултатот.
Можете да го исчистите бигорот со ставање 50 проценти вода и 50 проценти алкохолен оцет во преградата за вода и вклучување на пареата. На крајот, пеглата избришете ја со влажна крпа.