И ВО ШЕСТАТА ДЕЦЕНИЈА има СОВРШЕНА фигура: Џенифер Анистон со години јаде иста САЛАТА СЕКОЈ ДЕН

popara7 март, 20221min00
Screenshot_4

Не е лесно да се одржи фигура, особено во подоцнежните години, но Џенифер ни открива во што е тајната.

 

Џенифер Анистон, ѕвездата на серијата „Пријатели“, на 11 февруари ќе наполни 52 години. Но и во шестата деценија успева да изгледа толку добро што мораме да ја откриеме тајната на совршената линија. За нејзината фигура заслужен е редовен тренинг и исхрана, но последниве неколку години конзумира храна од исклучиво органско потекло. Како што и самата истакна, се придржува до исхраната на Аткинс. Нејзината исхрана е толку специфична што го доби прекарот Џенифер Салата на снимањето на „Пријатели“!

Имено, Џенифер за време на снимањето секој ден јадела иста салата. Затоа колегите ѝ дадоа убав прекар – Салата. Оваа салата се состои од булгур, црвен кромид, краставица и фета сирење, а многумина сметаат дека е одговорна за одржување на витката линија. Џенифер се придржува до т.н пост, кој подразбира консумирање храна 8 часа во текот на денот и 16 часа пост.