Филмот „Барби“ со Маргот Роби и Рајан Гослинг ќе биде премиерно прикажан во средината на 2023 година
Хитот на „Aqua“ од 1997 година „Barbie Girl“ нема да биде вклучен во претстојниот филм за Барби на Грета Гервиг, со Маргот Роби и Рајан Гослинг во главните улоги.
Данско-норвешката група, кои сега се заедно 25 години, неодамна го коментираа изоставувањето на песната од ова остварување, со што јасно ставија до знаење дека не се изненадени.
– Треба да се каже дека го одбивме. Рајан Гослинг не е доволно добар! Изјави членот на Аква, Рене Нистром за „Variety“.
Сепак, членовите на групата признале дека се возбудени поради филмот.
– Целосно разбирам зошто не ја искористија песната, но („Barbie Girl“) ќе привлече големо внимание, без разлика на се – изјави Нистром.
Инаку, песната „Barbie Girl“ веќе има повеќе од милијарда прегледи на „YouTube“.
Филмот „Барби“ ќе има премиера во средината на 2023 година, пишува „NME“.