КАКВА ТРАНСФОРМАЦИЈА: Славниот глумец поради улога сосема го промени изгледот

popara10 октомври, 20221min00
f_26450203_1280

Актерот Адам Драјвер е целосно непрепознатлив на фотографиите од снимањето на неговиот нов филм „Ферари“ во италијанскиот град Модена. Драјвер игра во биографскиот филм на Мајкл Ман за Енцо Ферари, италијанскиот тајкун и основач на автомобилската компанија Ферари.

На фотографиите од сетот нема ни трага од холивудскиот убавец со издлабено торзо што можевме да го видиме во кампањата за парфемот на Burberry „Hero“ во последните месеци. Имено, поради улогата на Енцо, Адам станал сив, а на сетот носел сив костум и очила за сонце типични за познатиот автомобилски магнат.

image

Минатата година го видовме во улогата на уште еден познат Италијанец, Маурицио Гучи, во филмскиот хит „House of Gucci“ и докажа дека одлично го совлада италијанскиот акцент.

Неговиот нов филм е базиран на книгата „Енцо Ферари – Човек и машина“, а ги следи подемите и падовите со кои се соочил сопственикот на најуспешниот тркачки тим додека го освојувал светот на брзите автомобили.

image

„Поранешниот тркачки возач на Ферари е во криза. Банкротот ја следи компанијата што тој и неговата сопруга Лаура ја изградија од ништо пред 10 години. Нивниот бурен брак се бори со тагувањето по едниот син и признавањето на другиот. Една трка – 1.000 милји низ Италија, иконата Mille Miglia“ гласи синопсисот на филмот според Entertainment Weekly.

Во филмот „Ферари“ покрај Адам ќе се појават многу големи холивудски имиња како Шејлин Вудли, Патрик Демпси, Џек О’Конел, Сара Гадон и Габриел Леоне.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma