КАКОВ ВИД НА ЦЕЛУЛИТ ИМАТЕ? Ги има дури ТРИ, а еве како да се ослободите од него!

popara17 март, 20221min00
542224_female-squeezes-cellulite-skin-her-legs-close-up-shot-white-space_f

Ако страдате од целулит, прво препознајте кој тип е, пред да почнете да се борите со него.

Многу жени ја имаат таа позната „кора од портокал“, досаден целулит за кој мислат дека им го расипува целокупниот изглед.

Она што е интересно е дека појавата на целулит всушност нема многу врска со килограмите и дебелината, иако многумина веруваат дека оваа „болка“ ја имаат само оние кои се со прекумерна тежина.

За да знаете како да се справите со целулитот, прво треба да препознаете за кој тип се работи.

Постојат три типа, и на секој му се пристапува различно:

Адипозен целулит

Најблагиот облик на целулит е адипозниот целулит. Тоа е последица на лошата исхрана и нездравиот живот, кој сепак може да се промени само доколку сте доволно упорни. Овој целулит не е болен, а се гледа само кога ќе ја штипнете кожата.

Воведете повремена детоксикација, пијте многу вода и јадете доволно зеленчук, а почестете се и со неколку масажи – резултатите брзо ќе станат видливи.

Воден целулит

Се верува дека водениот целулит е всушност најраспространет, а како што кажува неговото име, причината е задржување на вода во телото. Исто така, слабата циркулација доведува до формирање на овој тип на целулит, па затоа е неопходно да се подобри циркулацијата и да се посветите на исфрлање на вишокот вода.

Како и кај масниот целулит, се препорачува повремено да се вклучуваат масажи.

Фиброзен целулит

Овој целулит е најтешка форма, видлив со голо око, тврдоглав со разни вдлабнатини и испакнатини. Потребна е целосна упорност и посветеност, од промена на исхраната до редовни масажи и други антицелулитни третмани.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma