Дејвид Бекам многупати покажа колку е одличен татко и колку е приврзан за својата ќерка Харпер, која воедно е и најмалото дете во семејството и татина галеница. Прославениот фудбалер и ова 10-годишно девојче често уживаат во бројни заеднички активности, од одење на ручек и сладолед, преку спортски натпревари до гламурозни настани.
Така, Дејвид и Харпер вчера заминаа на гала театарскиот спектакл во Венеција, каде престојуваат веќе неколку дена, а се чини дека гордиот тато не можеше да има послатка, но и повесела придружба!
Додека овој Британец изгледаше многу елегантно во црн костум, девојчето го украде шоуто благодарение на огромната насмевка од уво до уво, но и прекрасниот фустан сличен на оној за принцези!
Харпер избра фустан кој се прелева во розови и виолетови нијанси, а оваа креација која потсетува на онаа од „Заспаната убавица“ е со потпис на брендот Zimmermann и чини дури 1.600 фунти.
Дека оваа млада дама сѐ уште е бунтовничка и дека склоноста кон елегантни чевли не ја наследила на нејзината мајка Викторија, говори и тоа што со овој гала фустан избрала модерни, длабоки патики.
Инаку, таткото и ќерката пред неколку дена беа фотографирани во забавно возење со гондола низ Венеција, а фотографиите на кои Дејвид ја гушка и бакнува ќерка си во глава го разнежни светот, а интернетот беше преплавен со коментари на воодушевени жени.