По „пробна“ венчавка во Лас Вегас, Кортни Кардашијан и Тревис Баркер официјално се венчаа оваа недела, пренесува People.
Кардашијан и Баркер се венчаа во Санта Барбара опкружени со најблиски пријатели и членови на семејството. Парот наводно планира голема свадба во Италија.
– Мораа да се венчаат легално пред нивната голема италијанска венчавка, која ќе се случи многу наскоро. Сите детали се веќе утврдени и целото семејство, вклучително и сите деца, се многу возбудени – изјавил изворот за People.
Откако се појавија фотографии од интимната венчавка, фановите останаа шокирани од изборот на венчаница на Кортни.
„Што е ова, подобро е да дојде во тренерка“, „Ако е ова венчаница, тогаш не знам…“, „Каков ужас“, „Колку ефтино изгледа венчаницата“, се само дел од коментарите на социјалните мрежи.
43-годишната ријалити ѕвезда и три години постариот рокер се свршија во октомври 2021 година на плажа во Монтесито, Калифорнија, а неодамна ја изненадија јавноста со свадба во Лас Вегас.