Кафето истурено на тепих може да изгледа како ноќна мора, но постои лесен начин да ја отстраните дамката, без разлика дали станува збор за свежо истурено кафе или постара дамка.
Иако чистењето може да потрае некое време или да бара брз одговор, дамката од кафе може да се исчисти. Но, колку подолго чекате, толку повеќе кафе ќе се впие во влакната на тепихот.
Сепак, постојат неколку начини како да ги отстраните дамките од кафе, а наједноставно и најбрзо е со помош на состојка која сите ја имаме дома – алкохолниот оцет.
Доколку ви се истури кафе пред неколку минути, покријте го местото со оцет, а потоа почнете да го триете со четка натопена во вода. Дамката треба да исчезне многу брзо. Бидејќи оцетот има интензивен мирис, тој дел од тепихот исплакнете го со топла вода и проветрете ја просторијата.
Овој начин на чистење е најдоброто решение доколку се работи за тепих од светли бои бидејќи нема да го оштети никако.
Како да ги отстраните старите дамки од кафе?
Отстранувањето на дамките од свежо кафе од теписите обично е многу полесно од старите. За старите ќе биде потребно малку повеќе време и труд.
За да ја „омекнете“ дамката, додадете кујнска сол и оставете ја да отстои неколку часа. Солта помага истовремено да се извлече влагата од теписите и силните пигменти од кафе. Потоа отстранете ја солта и измијте со топла вода.
Ако дамката е особено силна, повторете ја постапката уште еднаш.
Дали често истурате кафе на вашиот омилен тепих?