Пилешкото е месото кое сите го сакаат, но неговата подготовка може да биде малку макотрпна. Една од главните причини се белите жили, односно вените во пилешките гради, кои изгледаат невозможни да се отстранат за месото да биде убаво и меко.
Сепак, една корисничка на социјалната мрежа Тик Ток го покажа својот едноставен трик кој го постигнува токму тоа!
Како што објасни Менди Кленц, која стои зад каналот Raising Krazies, сè што треба да направите е да го пробиете конецот со вилушка, да го фатите другиот крај на конецот со помош на хартиена крпа со другата рака, а потоа повлечете. Белата лента исчезнува со едно движење и пилешкото е подготвено за готвење!
Еве како изгледа тоа:
@peachesandproteins Best cooking hack ever! #cookinghacks #tiktokmoms #itsdinnertime #cookingontiktok #lifehack #momsoftiktok #whatsfordinner #waitforit #fyp