Како да ги исчистите собните врати без да ги оштетите: Трикови злато вредни

popara27 јануари, 20221min00
vrata-bela-vrataciscenje-830x0

Секојдневно ги допираме вратите и рачките од собите, така што на нив остануваат валкани, мрсни траги, а на дното често има траги од обувки со кои случајно ја допираме нивната површина.

Иако станот или куќата бара секојдневно одржување, чистење со правосмукалка, миење на подот и бришење прашина, некои делови сепак остануваат запуштени.

Еден од елементите што ги користиме секојдневно, а на кој изгледа најмалку обрнуваме внимание се вратите од собите. За многумина нивното чистење е вистинска главоболка.

Секојдневно ги допираме вратите и кваките од собите, така што на нив остануваат валкани, мрсни траги, а на дното често има траги од чевли со кои случајно ја допираме нивната површина.

Ова е особено забележливо на белите врати, а какви и да се, корисно е да знаете како можете да ги исчистите без да ја оштетите бојата.

За почеток, кваката може да ја дезинфицирате од време на време, па дури и секојдневно со алкохол. Испрскајте алкохол на хартија или памучна крпа, а потоа избришете ги сите кваки и брави на вратите.

Кога ќе почнете да ја чистите вратата, прво отстранете ја прашината која можеби е потешко да се види, но секако ја има. Прво користете сува крпа или мека четка, а потоа избришете сè со влажна крпа.

Користете течност за миење садови за отстранување на дамките. Во литар млака вода ставете една лажица детергент за садови и измешајте. Овој раствор ќе ги отстрани мрсните дамки и траги од вратата, а нема да ја оштети бојата.

На крајот, избришете ја вратата со влажна крпа.

За потврдоглави дамки, користете мешавина од алкохолен оцет со млака вода. Ставете 200 мл оцет на литар вода.

Откако темелно ќе ги исчистите сите врати, ќе ви биде полесно да ги одржувате секој ден. Отстранете ги дамките веднаш штом ќе се појават, за да не се закорават.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma