Напиток за целокупното здравје на организмот.
Направете го овој напиток брзо и лесно. Потребни ви се 5 состојки и 5 минути време. Покрај вишокот килограми, ова ќе ве спаси и од дополнителните токсини. Исто така, пијалокот го регулира нивото на шеќер во крвта, го држи нивото на холестерол под контрола и го подобрува целокупното здравје.
Состојки:
1 шака свеж магдонос
парче ѓумбир
сок од 1 лимон
1 лажичка мелен цимет
1 лажица јаболков оцет
500 мл вода
Подготовка:
Измијте го и исушете го магдоносот на крпа. Исчистете го ѓумбирот, исцедете го лимонот. Сите состојки ставете ги во блендер и матете додека не добиете компактна смеса. Потоа процедете и пијте. Важно е да се пие 5 дена по ред пред спиење за да има ефект.
Магдоносот е многу ценет во народната медицина. Го отстранува вишокот течност од телото, го забрзува метаболизмот и го забрзува слабеењето.
Ѓумбир – со негова помош можете да се ослободите од масните наслаги околу стомакот. И можете да изгубите значителна количина на килограми. Ѓумбирот го подобрува варењето, го намалува холестеролот.
Лимон – го поттикнува лачењето на сокови во желудникот, го поттикнува метаболизмот, го подобрува слабеењето. Сокот од лимон ги отстранува токсините и поволно делува на црниот дроб.
Цимет – го подобрува целокупниот тонусот, го зајакнува имунолошкиот систем, помага да се фокусирате, може да ја подобри визуелната меморија и има антиинфламаторни својства.
Јаболков оцет – го стимулира варењето, ја подобрува работата на цревата.