Марамите и шаловите се омилен моден додаток за студените денови, но треба да знаете дека лесно можат да станат почва за бактерии бидејќи често се носат. Бактериите кои се собираат на нив се поопасни и понепријатни од дамките и можат да предизвикаат здравствени проблеми
Најчесто се работи за иритација на кожата на лицето или вратот, појава на мозолчиња или алергии.
– Обрнете повеќе внимание на овие парчиња облека. Размислете за шминката, потта, маснотијата на кожата, остатоците од парфемот што се собираат околу вратот – предупредува дерматологот Корин Фипс и потсетува дека капите, шаловите и ракавиците треба да се мијат три до пет пати во текот на сезоната.
Доколку сè уште не сте ги подготвиле и освежиле, искористете ја можноста да го направите тоа. Дали знаете како?
Свилените марами мијте ги исклучиво во ладна вода со малку детергент. Задолжително е да се мијат рачно, никогаш во машина за перење. На крајот од миењето, по плакнењето, додадете неколку капки омекнувач во водата. За вашите свилени марами да останат долго зачувани, се препорачува понекогаш да ги носите на хемиско чистење.
Шалот од кашмир е најбезбедно да се измие рачно, но на крајот не го стискајте силно и не го закачувајте на жица, туку раширете го на пешкир. Облеката од кашмир не ја перете на температура над 20 степени бидејќи само така нема да ја изгуби формата и нема да се собира.
Памучниот шал може да се пере на температура на водата од 30 до 40 степени со благ детергент. Ако машината има нежна програма за перење, задолжително користете ја. Избегнувајте сушење во машина бидејќи ќе имате проблеми со пеглањето. Пред миење, задолжително отстранете ги дамките и внимавајте бојата дали се испира, за да не се уништи остатокот од гардеробата при перењето.
Синтетичкиот шал може да се пере на максимална температура од 40 степени, како и друга облека од овој материјал, која при носењето брзо добива непријатни мириси.