Како да го исецкате кромидот без солзи: Трик кој ја решава маката на секоја домаќинка

popara10 јуни, 20221min00
shutterstock1023707407-830x0

Малку се готвените јадења кои се вкусни без динстан кромид, а има и малку домаќинки на кои сечкањето кромид за приготвување оброци не им носи солзи.

Професионалните готвачи имаат свои испробани трикови – сечење со екстремно остар нож, џвакање парче леб додека сецкаат кромид, држење на кромидот во замрзнувач 15 минути или еден час во фрижидер пред сечкањето.

Една корисничка на социјалната мрежа Твитер го откри наједноставниот трик со кој е можно да се исецка кромид без да роните солзи.

Се што треба да направите е да натопите обична салфетка во вода и да ја ставите на даската на која го сечете кромидот.

Таа исто така објасни зошто овој метод го елиминира плачењето:

– Мократа крпа ја привлекува хемиската супстанца од кромидот, која инаку би го нашла патот до најблискиот „извор на вода“, а тоа се најчесто очите.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma