Со редовното чистење на душекот вие ги елиминирате мртвите клетки од кожата кои остануваат на него, но и си овозможувате поквалитетен сон.
Добро би било барем еднаш во 2 месеци да обрнете внимание на чистењето на душекот, а особено правете го тоа во летниот период кога ноќното потење е почесто.
Посветете поголемо внимание на душекот на којшто спиете и заштитете се од несакани алергии и иритации. Основна работа која треба да ја направите за да си обезбедите здрав сон е редовното менување на постелнината, односно еднаш во неделата.
Со оглед на фактот дека чистењето на душекот не е едноставна работа и бара повеќе труд и време, овие неколку совети ќе ви помогнат за поефикасно и побрзо чистење на вашиот душек:
- Постелнината перете ја на највисока температура. На тој начин, вие ги елиминирате сите бактерии кои се собрале во неа.
- Директно врз душекот ставете поголема количина сода бикарбона.
- Оставете ја сода бикарбоната најмалку еден час, а потоа соберете ја со помош на правосмукалка. Користете ја правосмукалката без нејзините додатоци и чистете дел по дел.
- За длабинско чистење на душекот потребно е да направите чистење со пареа. Освен тоа, не заборавајте на перниците. Тие се исто така збир на бактериите, а особено доколку зачестено се потите во текот на ноќта. Најдобро е перниците да ги менувате на секои две години.
Запомнете, дури третина од вашиот живот ви поминува во спиење. Затоа морате да обрнете внимание на вашиот душек исто како што обрнувате внимание на другите делови од домот.