КАКО ДА ГО ОТСТРАНЕТЕ НЕПРИЈАТНИОТ МИРИС ОД ФРИЖИДЕРОТ: Со евтини состојки кои веќе ги имате во домот, засекогаш ќе исчезне

popara28 октомври, 20221min00
676 (2)

Лошиот мирис од фрижидерот може да биде навистина досаден, а еве како да се ослободите од него со неколку едноставни трикови.

Често се случува некои намирници да останат долго во фрижидерот и да заборавиме да ги извадиме, поради што кога ќе ја отвориме вратата чувствуваме непријатен мирис, а често и по темелно чистење се уште е присутен.

Сепак, за овој „проблем“ постои решение и трикови кои ќе спречат непријатниот мирис на расипана храна да се шири низ кујната и другите простории по отворањето на фрижидерот.

  1. Оцет

Оцетот е докажан рецепт за отстранување на непријатниот мирис, кој го користеле дури и нашите баби. Измешајте го со малку вода и добро истријте ја внатрешноста на фрижидерот, па оставете малку да се проветри.

  1. Лимон

Остатоците од расипана храна исфрлете ги, измијте го фрижидерот со вода, а потоа исечете лимон на половина и истријте го целиот фрижидер со него. Непријатните мириси ќе исчезнат за еден час.

  1. Зрна кафе

Во случај да одлучите да го топите фрижидерот, зрната кафе се идеално средство кое ќе ги апсорбира непријатните мириси. Додека го држите фрижидерот отворен, ставете зрна кафе во него и наредете ги на полиците. По кратко време, непријатниот мирис целосно ќе исчезне.

  1. Сода бикарбона

Голема и добро позната помош во чистењето е сода бикарбоната, како природен чистач кој е безбеден и лесно достапен. Со него можете да го исчистите и фрижидерот. Измешајте сода бикарбона со вода, натопете крпа во смесата и исчистете ја внатрешноста на фрижидерот.

  1. Екстракт од ванила

Освен што ќе ја „собере“ смрдеата, екстрактот од ванила ќе направи да се чувствувате пријатно секогаш кога ќе го отворите фрижидерот. На памук ставете неколку капки од овој екстракт и ставете го во фрижидерот. Оставете го да отстои неколку дена, а потоа фрлете го. Резултатот ќе биде неверојатен.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma