Ќерката на Џон Траволта воодушевува
Пред точно година и пол светот беше шокиран од фактот што Џон Траволта после синот остана без саканата сопруга. Кели Престон ја загуби битката со ракот на дојка на 57 години, а холивудскиот актер со скршено срце мораше да стане и да биде најголема поддршка за ќерката Ели Блу и синот Бенџамин.
Траволта еднаш изјави дека е многу среќен што има ќерка бидејќи засекогаш ќе ја гледа својата сакана Кели во нејзините очи. Ќерката на Џон Траволта е најголемата поддршка на нејзиниот татко. Растејќи со светот на филмот, режијата и сцената, една прекрасна сега дваесет и едногодишна дама, пред неколку години, донесе одлука дека и таа сака нејзиниот живот да биде актерството.
Ќерката на Џон Траволта тргна по стапките на својот татко
Благодарение на големиот талент и убавите црти на лицето, Ела веќе има снимено неколку филмови и заработува во Холивуд, а неодамна направи и една реклама со својот татко. Фановите на „Инстаграм“, како и бројните колеги на познатиот актер, се согласуваат дека Ела го земала најубавото од двајцата родители.
Последната фотографија која славниот актер ја објави на својот Инстаграм профил и на тој начин им ја честиташе Новата година на следбениците расплака многумина. Во друштво на синот и ќерката, која неверојатно личи на покојната мајка, Траволта на сите им ја честиташе Новата година.