Сезоната на јагоди е во полн ек, а љубителите на ова вкусно овошје со нетрпение го очекуваа. За да ги изберете најквалитетните кои се домашни, треба да знаете неколку трикови при нивното купување
Домашните јагоди се поздрави и посвежи, но побрзо се распаѓаат бидејќи имаат помалку пестициди. Имаат иста боја однадвор и внатре, па имаат многу семки и се многу мали. Ова ги разликува од увезените, каде што семките се поситни и поретки.
Вистинските, квалитетни домашни јагоди се издвојуваат по својата интензивна, препознатлива арома. Никогаш не се со ист облик и големина и немаат ист вкус од сите страни, бидејќи сончевите зраци не паѓаат рамномерно врз плодот.
Познавачите велат дека треба да се внимава и на стеблата – на увезените е крупно, совршено обликувано и темно зелено, додека на домашните е побледо бидејќи неодамна е собрано.
Со оглед на тоа што домашните јагоди побрзо ја губат свежината и стануваат меки, добро е да го знаете трикот како да ги одржувате свежи долго време:
Добро измијте ги јагодите и ставете ги во стаклена тегла со хартиена крпа на дното. Со текот на времето, салфетката ќе го собере вишокот на влага, поради што јагодите ќе останат свежи и нема да омекнат.