Како да изгледате добро на фотографии: Научете правилно да позирате!

popara9 декември, 20221min00
influence-830x0

Виртуелниот свет денес е невозможно да се избегне, а речиси на сите полиња е придружен со фотографии.

Кога станува збор за фотографирање, имаме посебна насмевка и израз на лицето за сликање, а сосема поинаква пред пријателите, а ова обично е придружено со познатото: „Не ми се допаѓа, дали може повторно?”. Но, сосема е нормално што не се чувствуваме слободни пред камерата. Но тоа можеме да го оставиме на моделите, ние ќе разгледаме неколку начини како да изгледаме подобро на фотографиите.

1. Лице в лице со камерата

Аглите се најважни при фотографирањето. Ако погледнете директно во камерата, со целото тело свртено кон неа, ќе изгледате неприродно. Спротивно на тоа, ако играте со аглите и го ротирате телото наспроти камерата, сликата ќе ја добие димензијата што ни треба.

2. Движење

Можеби на почетокот ќе ви биде тешко да се ослободите доволно за овој чекор, но секогаш можете да го прашате фотографот или да побарате инспирација на интернет. Важно е да не стоите како „војник“, туку да ги одделите рацете од телото; движете ги наоколу и барајте места каде да ги ставите на вашето тело, како колковите. Пробувајте и со спонтано обликување на косата.

https://xdn.tf.rs/2021/02/17/sreca-830x0.jpg?ver=802859

3. Балансирање

Баланс се однесува на тежината. Замислете дека тоа е нешто што можете да го примените кога фотографирате. Пример е поместување на центарот на гравитација од колк на колк за да се нагласи фигурата или наведнување кон камерата за да се добие ефект на потесен струк.

Ослободете се и предадете се на идеи и резултатот ќе биде неверојатно успешен.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma