Како да комбинирате пудра и SPF креми: Ова се клучните трикови за совршен изглед

popara7 јуни, 20221min00
shutterstock1353212459-830x0

Дерматолозите постојано ја нагласуваат важната улога на кремите со заштитен фактор кога станува збор за заштита на кожата од сонце и потенцијални изгореници кои можат да настанат.

Но, многу дами избегнуваат да носат заштитни креми, бидејќи поради работни или други обврски мораат да носат пудра и друга шминка.

За среќа, постојат неколку трикови кои можете да ги примените и во исто време да имате крема со заштитен фактор и вообичаената дневна шминка на лицето.

1. Спреј за фиксирање со заштитен фактор

Спрејот за фиксирање обично се користи за вечерна шминка, но е одличен и како последен чекор во секојдневната рутина на шминкање, особено во топлите денови. Овој спреј може да ви помогне да ја задржите шминката цел ден без да се размачкате. Некои од овие спрејови содржат и заштитен фактор, а често се збогатени со алое вера и слични хидратантни состојки.

2. SPF во форма на прав

Станува збор за производи со заштитен фактор во форма на прав или камен. Прашоците обично доаѓаат во пакување со четка и се многу практични за употреба во текот на денот, додека камените се слични на класичната камена пудра. Предноста на овие производи е што освен дополнителна заштита, ќе ја матираат и кожата.

3. SPF и бјути блендер

На чиста кожа нанесете ја пудрата на вообичаен начин. После тоа, нанесете малку крема со заштитен фактор на раката или директно на сунѓерчето и лесно тапкајте по лицето. Важно е да се напомене дека не треба да триете, туку само лесно да го намачкате производот во кожата.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag