Телото не складира витамин Ц, па затоа е неопходно да се зема секојдневно
За важноста на витаминот Ц за нашиот организам постојано се зборува, многу истражувања ги докажале овие тврдења, а доколку забележите дека сте постојано уморни, раздразливи или непцата ви крварат, можно е да се соочувате со недостаток на овој витамин.
Телото не складира витамин Ц, па затоа е неопходно да се зема секојдневно. Препорачаната доза за возрасни жени е 75 милиграми, а за мажи 90.
Постојат многу знаци кои укажуваат на тоа, а ова се некои од најчестите.
- Крварење на непцата
Витаминот Ц помага во одржување на вашите крвни садови и коагулација на крвта. Исто така, колагенот е неопходен за здрави заби и непца, а витаминот Ц игра клучна улога во неговото производство.
Едно истражување покажа дека луѓето со заболување на непцата, кои консумирале грејпфрут две недели, забележале подобрување.
- Сува кожа
Здравата кожа содржи доволни количини на витамин Ц, особено во епидермисот, односно надворешниот слој на кожата. Витаминот Ц ја одржува кожата здрава, заштитувајќи ја од оксидативен стрес предизвикан од изложување на сонце и други загадувачи, како што е чадот од цигарите.
Поради недостаток на витамин Ц, шансата за сува и збрчкана кожа се зголемува за 10 проценти.
- Замор и раздразливост
Едно истражување, иако на мал број учесници, покажа дека шест од седум мажи, кои имале ниски нивоа на витамин Ц, рекле дека се чувствуваат уморно и раздразливо.
Друга студија, која опфати 14 канцелариски работници, покажа дека витаминот Ц го намалува нивното чувство на замор во рок од два часа.
- Ослабен имунитет
Витаминот Ц е поврзан со имунолошкиот систем на неколку начини и не треба да не чуди што неговиот недостаток води до почести болести и потешко закрепнување од болеста.
Овој витамин е еден од императивите во терапии за настинки и грип.