Како да се ослободите од ПАЈАЦИТЕ во домот? Еве што ги брка

popara11 мај, 20221min00
Screenshot_11

Никој не сака кога ќе налета на пајак кој мирно седи во некој ќош од домот.

Со помош на неколку едноставни совети и чекори може засекогаш да се ослободите од ваквите „средби.“

1. Населете бубамари

Ако имате градина, тераса или балкон, населете неколку бубамари. Овие симпатични инсекти се најголемите непријатели на пајаците, затоа што секој може да изеде и до 50 пајаци дневно. Посадете билки кои привлекуваат бубамари, како копар, анасон или џунџуле.


2. Користете ментол

Пајаците го мразат мирисот на ментол, па наедноставен начин да ги задржите надвор од домот е да капнете неколку капки масло од ментол на ткаенина и да поставите на различни ќошеви низ домот.


3. Распоредете портокали и лимони низ домот

Исто како и со ментолот, пајаците не го сакаат мирисот на цитрусни овошја, па задолжително во домот чувајте неколку портокали, лимони и мандарини.


4. Пребришете ги прозорите со специјална мешавина

Ако ги измиете прозорите со мешавина на амонијак и вода, ќе го спречите влегувањето на нови пајаци во домот. Кога прозорите ќе се исушат, само поминете ги со лист од весник, без да ги премивате со вода.


5. Свеќи со цимет

Инвестирањето во свеќи со цимет е одличен начин да го спречите ширењето на пајаци низ домот. Циметот е уште еден мирис кој не го поднесуваат.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma